Нешто пред зора еруптираше вулканот Маунт Тувурвур на најголемиот остров Нова Британија во Папуа Нова Гвинеја и со исфрлањето чад и пепел доведе до измени во режимот на авио-сообраќајот.
Австралиската авио компанија „Квантас“ соопшти дека била принудена да ја промени рутата на неколку меѓународни летови во тоа подрачје.
– Поради вулканскиот пепел на истокот на Папуа Нова Гвинеја изменети се рутите на летовите меѓу Сиднеј и Токио и Сиднеј и Шангај, соопшти портпаролката на „Квантас“ Сара Елгар.