Еро со критики за избегнувањето даноци во Франција по преселувањето на актерот Депардје

Од:

Премиерот Жан-Марк Еро критикуваше богати поединци кои ја напуштаат Франција заради високите даноци, нарекувајќи ги алчни луѓе кои сакаат да станат уште побогати.

Неговиот коментар уследи откако познатиот француски актер Жерар Депардје одлучи да се пресели во мало белгиско село на границата со Франција и стана дел од голем број француски богати сонародници кои со заминување во Белгија избегнуваат даноци.

– Тие што бараат егзил во странство не се оние кои се плашат дека ќе станат сиромашни. Тие тоа го прават за да станат уште побогати, изјави социјалистичкиот премиер Еро откако најави мерки за борба со сиромаштијата.

– Не можеме да се избориме со сиромаштијата доколку оние кои имаат најмногу, не покажат солидарност и великодушност, изјави премиерот на Франција. Според него, сиромаштијата погодувала 12,9 отсто домаќинства во Франција во 2002 година и 14,1 отсто во 2010 година.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано