Ерменскиот претседател се закани со превентивен удар врз Азербејџан

Од:

Ерменскиот претседател Серж Саркисијан му се закани на Азербејџан со превентивен напад во случај на распоредување на војска на границата меѓу двете држави или во близина на оспоруваната енклава Нагорно Карабах.

– Разбудените духови (во Азербејџан) треба да очекуваат различни изненадувања. Во случај на масовна и заканувачка концентрација по нашата граница или по демаркационата линија на Нагорно Карабах, ние ги задржуваме правото на нанесеме превентивен удар, посочи Саркисјан.

Ерменија и Азербејџан се во конфликт од крајот на 80-тите години на минатиот век поради Нагорно Карабах.

Во таа зона судирите се интензивираа во последните месеци, а двете држави меѓусебно се обвинуваат за нападите. Минатата година при нападите загинаа десетици луѓе. Од почетокот на месецот, според Ереван загинаа четворица ерменски војници.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“