Ерменскиот парламент не ја укина воената состојба во државата

Од:

За време на денешната вонредна седница, ерменскиот Парламент одби да ја укине воената состојба во државата, објавена на 27 септември поради почетокот на непријателствата во Нагорно Карабах.

Состанокот на законодавниот дом беше пренесен на повеќе локални телевизиски канали.

„Триесет и шест пратеници гласаа „за“ укинување на воената состојба, 56 пратеници беа „против“. Одлуката не беше усвоена“, ги сумираше резултатите заменик-претседателот на Парламентот, Ален Симонијан.

Опозициските парламентарни фракции „Просперитетна Ерменија“ и „Просветлена Ерменија“, кои ја иницираа парламентарната расправа, сметаат дека Владата ја искористи воената состојба за да дозволи митинзи и демонстрации за оставка на премиерот Никол Пашинјан.

Ерменското Министерство за одбрана тврди дека по заедничката изјава на лидерите на Руската Федерација, Ерменија и Азербејџан во врска со примирјето во Нагорно Карабах, Ерменија и Азербејџан формирале нови граници, за чија заштита е неопходно продолжување на воената состојба.

На 27 септември, состојбата во Нагорно Карабах се влоши, а на спорната територија започнаа активни борби. На 9 ноември рускиот претседател Владимир Путин, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан потпишаа заедничка изјава за целосен прекин на воените дејствија во Нагорно Карабах. Воените единици на Азербејџан и Ерменија запреа на своите позиции, а силите на руските мировници се наоѓаат во регионот.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“