Ерменски амбасадор тврди дека борци од Блискиот Исток влегуваат во битката за Нагорно Карабах

Од:

Турски трупи распоредени во Сирија веќе учествуваат во воените дејствија во Нагорно Карабах, изјави ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тогајан.

– Според нашите информации, Турција распоредила околу 4.000 борци од Сирија во Азербејџан за воени дејствија против Ерменија, рече тој.

Дипломатот додаде дека е тешко да се одреди етничкиот состав на овие трупи.

Министерството за одбрана на Азербејџан од своја страна соопшти дека „борци, кои пристигнале од Сирија и други земји од Блискиот Исток“ се борат на страната на Ерменија.

– Според добиена разузнавачка информација, меѓу загубите кај непријателот има многу платеници со ерменско потекло од Сирија и различни земји од Блискиот Исток. Но со оглед на тоа што не се официјално регистрирани во Ерменија, непријателот лесно ги прикрива тие загуби, изјави полковникот Вагиф Даргахли, шеф на прес службата на Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“