Ерменија се заканува со употреба на сила кон Азербејџан

Од:

Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека не ја исклучува можноста за употреба на сила ако азербејџанските сили не ја напуштат ерменската територија во разумен рок.

– Во случај на недостиг на мирно решение во разумен рок, ако азербејџанските сили не се вратат на своите првични позиции, ерменските вооружени сили имаат право да го решат проблемот, дури и со сила, се вели во соопштението.

Министерството уште еднаш потенцираше дека секое кршење на законите на ерменската држава е апсолутно неприфатливо и оти азербејџанските трупи мора да ја напуштат ерменската територија.

Ереван повика ова прашање да се реши мирно и побара меѓународна медијација.

Ерменското Министерство за одбрана на 12 мај соопшти дека азербејџанските вооружени сили се обиделе да извршат „одредени операции“ на границата во провинцијата Сјуник со цел да ја „прилагодат границата“.

По реакцијата на Ерменците, Азербејџанците ги прекинаа своите активности и се согласија на разговори со цел да се смири ситуацијата.

Истиот ден, вршителот на должноста премиер на Ерменија, Никол Пашињан одржа состанокот со безбедносните сили, на кој ситуацијата ја опиша како кршење на ерменската територија.

Потоа рече дека Азербејџанците ја преминале границата и влегле три и пол километри во внатрешноста на Ерменија.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“