Ерменија: Не сакаме во НАТО

Од:

Ерменските власти никогаш не разговарале за можноста за влез во НАТО, но ги зајакнуваат односите со ЕУ, изјави денеска претседателот на ерменскиот парламент Ален Симонјан.

„Немаше дискусија за НАТО, не разговаравме за тоа во нашиот тим. Што се однесува до Европската Унија, таа не е воен сојуз, ние сме подготвени да ги зајакнеме односите со неа. Денес демократијата е нашиот најголем безбедносен систем“, истакна Симонјан.

Тој нагласи дека Ерменија се обидува да „купи оружје на сите можни места“, пренесува ТАСС.

„Ако некој се срами од тоа, тоа е негов проблем“, заклучи Симонјан.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

НАТО сака Украина да биде напредна суверена држава откако ќе се постигне мир

Мицкоски: Значително ја подобривме интероперабилноста на нашите вооружени сили со оние на другите сојузници

Министерот Муцунски на министерски состанок на НАТО во Брисел

А1он

Муцунски од Брисел: Мора повеќе да инвестираме во безбедноста

Рубио: САД бараат пет проценти одбранбени трошоци од сите членки на НАТО