Ерик Бетциг, Штефан Хел и Вилијам Морнер добитници на Нобеловта награда за мир

Од:

Американците Ерик Бетциг и Вилијам Морнер, како и германскиот државјанин со романско потекло Штефан Хел оваа година се добитници на Нобеловата награда за хемија.

Наградата им е доделена за нивната работа со која ги надминаа ограничувањата на светлосниот микроскоп и разработката на флуоросцентниот микроскоп со супервисока можност за поделба на честичките, се наведува во соопштението на Кралската шведска академија на науките.

Благодарение на тројцата научници оптичките микроскопи, стануваат наноскопи и овозможуваат да се види структурата на мошне мали материи, на пример на биолошките молекули, а тоа е мошне важно за производство на нови лекови.

Нобеловата награда за хемија и сумата од осум милиони шведски круни ќе бидат врачени на церемонијата во Стокхолм на 10 декември на денот на смртта на Алфред Нобел.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир

Ана Ололовска

Утре почнува неделата на соопштување на лауреатите на Нобеловите награди

Ана Ололовска

Европскиот парламент го номинира Зеленски за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Повеќе од 300 кандидатури за Нобеловата награда за мир во услови на војна во Украина

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он