Ерекат: Резолуцијата за палестинска држава деновиве може да се стави на гласање во СБ на ОН

Од:

Предлог резолуцијата за создавање независна палестинска држава во следните неколку дена може да се стави на гласање во Советот за безбедност на ОН, изјави денеска главниот палестински преговарач, Саеб Ерекат, кој се наоѓа во посета на Москва, пренесе ТАСС.

Според Ерекат, гласањето може да се одржи  буквално „во секој момент“, а до сега во кулоарите имало технички консултации за документот.

Тој претпоставува дека резолуцијата може да добие девет гласа „за“ во 15-члениот совет, но „не го исклучува и ветото“.

Ерекат ги повика САД да не го користат своето право на вето и изрази жалење што Израел предлог резолуцијата ја доживува како чин на агресија кон себе.

Саеб Ерекат уште додаде дека следните чекори на независната палестинска држава ќе бидат нејзиното приклучување кон меѓународните договори и согласноста кон договорот заМеѓународниот кривичен суд.

Тој соопшти дека на својата вчерашна средба со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров ја предал пораката до претседателот Владимир Путин од шефот на автономната  палестинска власт, Махмуд Абас, соопшти ТАСС.

Јордан на 18 декември до Советот за безбедност на ОН  поднесе предлог резолуција за прекин на израелската окупација на палестинските земји, заземени во 1967 година. Во неа се инсистира на тоа израелските сили за безбедност да се повлечат од окупираните територии не подоцна од крајот на 2017 година.

Би можело да ве интересира

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Израелски министер за создавање палестинска држава: Со еден збор – не

Горан Наумовски

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина