Ердоган: Запрете го крвопролевањето во Газа

Од:

Болницата „Ал-Ахли“ во Појасот Газа е бомбардирана, а според првичните информации загинале повеќе од 500 Палестинци. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во оваа прилика го повика целото човештво да го запре крвопролевањето во Газа.

„Напаѓањето на болница во која се наоѓаат жени, деца и невини цивили е најновиот пример на израелски напади лишени од најосновните и основните човечки вредности. Го повикувам целото човештво да преземе мерки за да се запре оваа невидена бруталност и крвопролевање во Газа“, рече Ердоган.

Светската здравствена организација повика на итна заштита на цивилите и здравствените работници во Појасот Газа по нападот на болницата.

„Болницата беше оперативна, во неа беа сместени пациенти, здравствени работници и старатели. Претходните извештаи укажуваа на стотици смртни случаи и повредени“, се вели во соопштението на здравствената агенција на ОН.

Болницата е една од дваесетте во северниот дел на Појасот Газа кои се соочуваат со наредби за евакуација.

Би можело да ве интересира

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа