Ердоган: Воената соработка меѓу Русија и Турција е важна за двете држави

Од:

Воената соработка меѓу Русија и Турција е важна за двете држави, поради што тоа прашање беше тема на разговор на денешната средба со рускиот претседател, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на седницата на Советот за соработка на високо ниво меѓу Москва и Анкара.

Ердоган ја потенцира неопходноста од преземање на заеднички напори за спречување на крвопролевањето во Сирија.

– Што се однесува до прашањата за безбедноста на нашиот регион, за тоа треба да се спречи крвопролевањето во Сирија, јас мислам, дека ние сме должни да преземеме заеднички напори, посочи Ердоган.

Тој се осврна и на ерменско-азербејџанскиот конфликт во Нагорно Карабах наведувајќи дека треба набрзо да почнат преговори меѓу страните во конфликтот, а оти Русија ќе има важна улога во таквиот процес.

Претседателот на Турција истакна и дека треба да бидат укинати санкциите и ограничувањата од страна на Западот кон руските компании.

– Ние треба да ги преземеме сите неопходни чекори за развој на нашите економски односи. Неопходно е да ги отстраниме сите пречки на патот на развојот на нашите односи. Треба да се укинат сите санкции и ограничувања кон турските компании, истакна Ердоган.

Тој додаде и оти е неопходно да се преземат дополнителни напори за воведување на безвизен режим меѓу Русија и Турција.

Ердоган и најави дека е планирано во 2019 година да биде прогласена за Година на турската култура во Русија и на руската култура во Турција.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски