Ердоган во ненајавена посета на Тунис

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска допатува во ненајавена посета на Тунис, каде со својот туниски колега Каис Саид разговараше за можноста за прекин на огнот.

Ердоган изјави оти верува дека Тунис може конструктивно да придонесе за воспоставување стабилност во Либија, пренесува Танјуг.

Посетата на Ердоган се случува во момент кога Турција настојува да постигне договор со медитеранските држави и покрај спорот кој Анкара го има со Грција околу користењето ресурси на дното на морето во близина на Кипар.

Минатиот месец Турција потпиша поморски договор со либиската Влада, по што Атина реагираше дека со тоа се прекршува меѓународното право.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски