Ердоган: Турција се соочува со катастрофа

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека Турција се соочува со демографска катастрофа поради драматичниот пад на наталитетот, објави агенцијата Анадолија.

Зборувајќи на Симпозиумот за семејство, култура и уметност во Анкара, Ердоган рече дека институцијата семејство во Турција се соочува со сè поголеми предизвици, особено во контекст на глобалните општествени промени.

„Преземаме неопходни мерки против наметнатите обиди за бришење на родовите разлики и движењата како што е ЛГБТ. Нема да дозволиме ниту најмала отстапка или небрежност“, рече турскиот претседател.

Тој нагласи дека Турција се стреми да го заштити семејството во време кога, како што оцени, глобалниот капитализам отвора нови фронтови, а влијанието на културниот империјализам и дигиталната средина станува сè поинтензивно.

Ердоган предупреди дека официјалните податоци покажуваат драматичен пад на стапката на фертилитет – од 2,38 деца по жена во 2001 година на само 1,48 во 2025 година, што, според него, е пониско дури и од нивоата во Франција, Обединетото Кралство и САД.

„Падот на стапката на наталитет е силен аларм за иднината на Турција. Никој на кого му е грижа за судбината на нашата земја не може да остане рамнодушен“, рече Ердоган.

Би можело да ве интересира

Контраадмирал на НАТО: Турција мора да одговори на украинските напади во Црното Море

Турција: Не е можно да се обезбеди европска безбедност без нас

Папата Лав XIII ги зајакнува односите со Православната црква и го поддржува Либан

Турција е подготвена да преземе одговорност во Газа

Горан Наумовски

Фидан: Војната меѓу Украина и Русија на крајот ќе заврши со преговори, тие мора да се одржат во Турција

Две деца починаа од труење со храна во Турција

А1он