Ердоган: Тројца турски војници загинаа во Сирија

Од:
Тројца турски војници загинаа во северозападна Сирија при судир на турските и сириските сили, изјави денеска во Анкара претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој ја оцени ситуацијата на теренот како „поповолна“ и наведе дека „загубата од страна на (сирискиот) режим е многу тешка“.
Турското Министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека двајца турски војници загинале, а двајца се ранети во напад од воздух во провинцијата Идлиб, каде во судирите на турските и сириските сили од почетокот на февруари загинаа 20 турски војници.

Сириските сили со поддршка на силите на сојузниците од Русија од половината на декември водат офанзива против бунтовниците и џихадиските групи во таа провинција што предизвика тензии со Турција која во таа област има војници.

Опозициската сириска опсерваторија за човекови права соопшти денеска дека бунтовничките групи, меѓу кои некои имаат поддршка од Анкара, го преземале градот Саракеб во Идлиб.

Сириската офанзива исто така предизвика криза меѓу Турција и Русија, која ги поддржува ривалските страни во сириската војна.

Руска делегација вчера пристигна во Анкара на разговори со турските власти во Идлиб.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад