Ердоган се заканува со воена операција против Израел

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара ја разгледува можноста за воена интервенција против Израел, вклучително и испраќање војници, објави „Џерусалим пост“.

– Исто како што влеговме во Карабах, исто како што влеговме во Либија, истото ќе го сториме и со нив, рече Ердоган, додавајќи дека Турција може да дејствува за да го спречи она што го нарече протерување на Палестинците од нивните територии.

Тој тврдеше дека Израел, и покрај прекинот на огнот, принудил повеќе од еден милион либански жители да ги напуштат своите домови поради напади врз цивилни области, нагласувајќи дека Турција „мора да биде силна“ за да спречи слично сценарио во Палестина.

Изјавата на турскиот претседател предизвика остра реакција од израелските претставници. Министерот за наследство, Амихај Елијаху, го нарече Ердоган „диктатор со империјални амбиции“ и најави дека ќе предложи прекин на дипломатските односи со Турција.

Во меѓувреме, турското Министерство за надворешни работи го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за неговите ставови за разговорите меѓу САД и Иран, како и за неговите критики кон Ердоган.

Би можело да ве интересира

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

„Џерузалем пост“: Арапските партии ја поддржаа опозицијата по изборите

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

Истрага на ОН: Израел продолжи да врши геноцид во Газа дури и по примирјето