Ердоган се одмазди за експлозијата, Курдите возвратија

Од:

Kурдските екстремисти во Сирија истрелале четири ракети врз пограничниот град Каркамис во Турција, јави денеска Anadolu Agency, наведувајќи дека во нападот се ранети голем број луѓе.

Во извештајот се вели дека ракети погодиле средно училиште и две куќи во Каркамис, како и камион во близина на турско-сирискиот граничен премин.

Курдските ракетни напади уследија неколку дена откако Турција започна со смртоносни воздушни напади во северните региони на Сирија и Ирак, насочени кон курдските фракции кои Анкара ги смета за одговорни за бомбардирањето во Истанбул на 13 ноември.

Турски воени авиони нападнаа бази на забранетата Курдистанска работничка партија или ПКК и позиции на Сириските единици за заштита на народот или ИПГ, потврдија официјални лица.

Претставници на сириските Курди известија дека во турските воздушни напади загинале цивили.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски