Ердоган се надева дека преговорите за Сирија во Астана ќе доведат до решавање на кризата

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази надеж дека преговорите за Сирија во Астана на 14 и 15 септември ќе доведат до конректно решение.

– Преговорите во Астана се мошне важни. Како што ми соопштија подготвителната работа практично е завршена. Сметам дека ќе има конкретно решение. Сакам да ги видам плодовите од тие преговори во Астана, изјави Ердоган на средба со претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев.

Според Ердоган преговорите во Астана ќе помогнат за олеснување на Женевскиот процес.

Шестата меѓународна средба за Сирија ќе се одржи во Астана на 14 и 15 септември. На неа ќе бидат разгледани серија документи, извештаите за активностите на силите за контрола на деескалацијата и ќе продолжи работата за усогласување на составот на силите за контрола на Идлиб.

Освен тоа се очекува земјите да ја усвојат заедничката декларација за хуманитарно деминирање на историските споменици во Сирија, вклучени на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив