Ердоган оди во Русија, а со Путин ќе разговара за договорот за жито

Од:

Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин во понеделник во Сочи ќе го прими турскиот колега Реџеп Таип Ердоган со кого се очекува да разговара за обновување на договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море.

„Преговорите ќе се одржат во понеделник во Сочи“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, без да образложи за кои теми ќе се разговара на состанокот.

Тоа ќе биде ретката посета на Русија на лидер на Г-20 од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, по посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва во март.

Веста дојде откако Украина објави дека дозволила два товарни брода да пловат преку Црното Море низ коридорот што го назначи и покрај ризикот од руска одмазда по истекот на договорот за извоз на жито.

„Tоварniot брод „Ана-Тереза“ (плови под знамето на Либерија) и „Океан учтивост“ (Маршалските острови) го напуштија пристаништето Пивдени и се упатија кон коридорот“, објави украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков на платформата Х. (поранешен Твитер).

Договорот за жито, од кој Москва се повлече во средината на јули, и кој дозволи извоз на украинско жито преку Црното Море од летото 2022 година, ќе биде на дневен ред на состанокот, објави Анкара. Турција се обидува да го обнови тој договор со надеж дека тоа ќе овозможи пошироки мировни преговори меѓу Украина и Русија.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан при вчерашната посета на Москва рече дека е „клучно“ договорот да се обнови, а неговиот руски колега Сергеј Лавров повтори дека Русија бара „гаранции“ од Западот.

Во меѓувреме, Украина извезува жито по копно и преку речно пристаниште, така што количината на жито што може да извезе е значително помала. На тоа треба да се додадат и бројните руски напади врз пристанишната инфраструктура на југот на земјата. Покрај споменатите два товарни брода, изминативе денови и два брода успеаја да се пробијат од украинските пристаништа до турските води без Русија воено да реагира.

Би можело да ве интересира

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје