Ердоган: И верувам на Русија исто како и на Западот

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека и верува на Русија исто како и на Западот. Тој рече дека за време на неодамнешната средба со рускиот претседател, не успеал да го убеди Путин да го продолжи договорот за жито во Црното Море, но дека добил ветување дека Русија ќе испорача еден милион тони жито во Африка.

„Немам причина да не му верувам“, изјави Ердоган вчера пред американската телевизиска компанија PBS во Њујорк, каде што учествува на собранието на ОН.

„Русија е исто толку доверлива како и Западот. Во последните 50 години чекаме пред вратата на ЕУ и, во овој момент, и верувам на Русија исто како и на Западот“, рече тој.

Минатата година Турција и ОН постигнаа договор со кој се дозволи транспорт на украинско жито од пристаништата на Црното Море, но Москва се повлече од договорот пред два месеци, тврдејќи дека Западот не го испочитувал својот дел од договорот, кој и дозволува на Русија да извезува храна и ѓубрива.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната