Ердоган и Путин разговарале за можностите за извоз на други стоки по таканаречениот „коридор на жито“

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин за можностите за извоз на други прехранбени производи и стоки долж таканаречениот „коридор за жито“ низ Црното Море, соопшти турското претседателство.

Како што е наведено, за време на телефонскиот разговор Ердоган и Путин разговарале и за билатералните односи, енергетиката и борбата против тероризмот.

„По Црноморскиот хуманитарен коридор се транспортирани над 13 милиони тони жито, а можен е и извоз на други прехранбени производи“, рече Ердоган во телефонскиот разговор.

Турскиот претседател ја изрази и својата „искрена надеж за скорешен крај на војната меѓу Русија и Украина“.

Ердоган исто така му рекол на Путин дека чистењето на границата на неговата земја со Сирија од терористи на длабочина од најмалку 30 километри е приоритет за Анкара.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната