Ердоган го тужи францускиот неделник „Поен“

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го тужеше францускиот неделник „Поен“ (Le Point) за навреда на шеф на држава бидејќи во еден текст навел дека Ердоган е „истребувач“, алудирајќи на турската офанзива против курдските сили во североисточна Сирија.

Неделникот на својата насловна страница во последниот број се прашува далу нему (на Ердоган) светот ќе „му дозволи масакр на Курдите и закани кон Европа“.

По излегувањето на написот адвокатот на Ердоган поднесе тужба во Анкара за „навреда на шефот на државата“. Тужбата се однесува на директорот на весникот Етијен Жернал и уредникот на надворешната рубрика Ромен Жибер.

Жернел наведе дека весникот нема да повлече ниту еден збор, оценувајќи дека Ердоган има пробеми „со слободата на изразување“.

Во написот се споменува „етничко чистење“ на Курдите во Сирија и се наведува дека турските власти „соработуваат со Исламска држава и Ал Каеда, кои ги извршуваат валканите работи за Ердоган“.

Жернел потсети дека во мај 2018 година кога Ердоган во нивниот весник беше окарактеризиран како „диктатор“, новинарите на неделникот добија смртни закани.

-Ердоган затвори голем број новинари во Турција и мисли дека може своите импулси за цензура да ги применува и во земјите каде владее слободата на печатот, изјави директорот на неделникот и додаде дека Ердоган ќе биде разочаран, бидејќи редакцијата нема намера да попушти во било што од кажаното.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски