Ердоган: Германија ќе изврши самоубиство доколку не ми дозволи да говорам пред Турците на нејзина територија

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави пред германскиот неделник „Цајт“ дека Германија ќе изврши самоубиство доколку не му дозволи да говори пред Турците на нејзина територија за време на неговата посета на земјата на самитот на Г-20, кој почнува в петок.

– Германија извршува самоубиство. Германија треба да ја поправи таа грешка, рече Ердоган.

Тој истакна дека се додека Германија не ги екстрадира во Турција поддржувачите на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, Анкара ќе ја смета Германија за земја, која ги заштитува терористите.

Турските власти го обвинуваат Ѓулен за организирање на обидот за воен удар во Турција во јули минатата година. Ѓулен ги отфрла овие обвинувања.

Истовремено Ердоган изјави дека Германија и Турција имаат потреба една од друга и оти на лично ниво тој нема проблем со канцеларот Ангела Меркел.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите