Ердоган: Германија ги поттикнува терористите

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ја обвини Германија за помагање на терористите, затоа што, како што кажа, Берлин не дава одговар на илјадниците молби за предавање осомничени лица, барани од турските власти, пренесоа британските медиуми.

-Германија ги поттикнува терористите, изјави Ердоган на конференција во црноморскиот округ Ризе.

Неговите зборови веројатно ќе доведат до нова ескалација на тензиите меѓу двете земји, посочуваат британските медиуми.

-Ние и дадовме на (германскиот канцелар Ангела) Меркел 4.500 досиеја, но не добивме одговор на ниту едно, изјави Ердоган пред членовите на неговата Партија на правдата и развојот (АКП).

Турскиот претседател изјави дека Германија сака да и бидат предавани терористите, но не сака да ги предава терористите кои се барани од Турција.

-Значи вие имате судски систем, а ние во Турција – не, така ли?, реторички запраша Ердоган.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите