Ердоган до Макрон: Провери го своето ментално здравје

Од:

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го нападна неговиот француски колега, Емануел Макрон денеска, заради неговата политика кон муслиманите, велејќи дека му се потребни проверки на менталното здравје.

„Што може да се каже за шефот на државата кој се однесува вака кон милиони припадници на различни религиозни групи: пред сè, направете проверки на менталното здравје“, рече Ердоган во телевизиско обраќање, пишува „Аваз“.

Предлогот на Макрон да ги брани секуларните вредности од радикалниот ислам ја налути турската влада, проширувајќи го растечкиот список на спорови меѓу францускиот лидер и Ердоган.

Овој месец, Макрон го опиша исламот како религија „во криза“ ширум светот и рече дека владата ќе претстави мерки во декември за зајакнување на законот од 1905 година, со што официјално се одделуваат религијата и државата во Франција.

Тој најави построг надзор над образованието и подобра контрола над странското финансирање на џамиите, откако професор во Франција беше обезглавен оти покажал карикатури со пророкот Мухамед предавајќи за слободата на говорот.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз