Ердоган: Членовите на ЦХП дадоа информации и докази против Имамоглу

Од:

Членовите на највлијателната турска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) доставија информации и документи кои се основа на истрагата за корупција и криминални активности на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е од нејзините редови, објави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Во своето обраќање тој ја обвини опозицијата за вандализам на улиците и напади врз полицијата.

Турскиот претседател во своето обраќање додаде дека „никогаш не сме ги заборавиле и нема да ги заборавиме оние кои се обидуваат да не поразат со нелегитимни средства и оние кои се толку очајни што ја туркаат земјата во конфликт“, јавува Anadolu Agency.

Би можело да ве интересира

Путин – Ердоган: Интензивните борби на Блискиот Исток носат ризици што ги надминуваат границите на регионот

А1он

Ердоган: Турција работи на воспоставување мир во војната на САД и Израел против Иран

А1он

Протести во Истанбул по повод годишнината од апсењето на Екрем Имамоглу

А1он

Ердоган: Израел нè турка во катастрофа, светот мора да го разбере ова варварство и лудило

Ердоган за конфликтот во Иран: Овој оган мора да се изгасне пред да се рашири!

А1он

Чистка во Анкара: Ердоган ги смени клучните министри