Ер Молдавија повторно воведува летови за Русија

Од:

Авиокомпанијата Ер Молдавија објави дека од 1 октомври повторно ќе воведе летови за Москва. Фирмата информира дека одлуката била донесена поради „безбројните барања на граѓаните на Молдавија кои се во Руската Федерација и сакаат да се вратат дома“.

„Наш приоритет е безбедноста и удобноста на летовите, затоа Ер Молдавија постојано работи на исполнување на потребите и барањата на своите патници“, се вели во соопштението.

Ер Молдавија ги прекина летовите за Русија во февруари. Молдавија, која граничи со Украина, го затвори својот воздушен простор веднаш по руската инвазија, но делумно повторно го отвори следниот месец.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски