Ер Франс воведува евтини билети за редовните линии

Од:

58 авионски линии на кратки и средни летови кои ги изведува француската авиокомпанија Ер Франс ќе добијат нови цени со цел команијата да остане конкурентна во споредба со евтините или „лоу кост“ компании.

Повикувајќи се на извори од компанијата, франсуските медиуми пренесуваат дека новите цени би требало да се спроведуваат од феврури годинава, откако компанијата во текот на 2011 година забележа загуба од 700 милиони евра на своите летови на кратки и средни дестинации.

Патниците ќе имаат можност да избираат на одредени летови меѓу два видови на билети класичните економски или пак минимални економични билети 20 евра поевтини. И Во двата случаи е предвидена услуга со малку храна и пијалок, но затоа пак за втората категорија минимална економична, багажот ќе се наплаќа 15 евра.

Според најавите новите тарифи ќе важат за летовите во Франција и во Европа со поаѓање од Орли, Марсеј, Тулуз и Ница. Ова значи дека за 49 евра со вклучени аеродромски такси ќе може да се лета за Берлин, Прага или Монтпелие. За 79 евра ќе има летови Марсеј-Маракеш или за Москва и Тел-Авив за 149 евра.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз