Ер Франс ќе укине околу 2500 работни места

Од:

Според синдикатот ЦГТ, дирекцијата на Ер Франс има намера да укинe меѓу 2500 и 2600 работни места до 2014 година, пренесува дописникот на МИА од Париз.


Дирекцијата на ЕР Франс засега не ги коментира, ниту потврдува tие бројки.


Во рамки на планот „Трансформ 2015“ француската авиокомпанија веќе укина 5122 работни места.


За две години меѓу јуни 2011 и јуни 2013, бројот на вработени во Ер Франс се намали за 5600 луѓе, од 106.300 на 100.700 вработени. Целта на тој план е компанијата да има заштеда за три години од вкупно две милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина