„Ер Франс“ ќе реализира само 41 отсто од летовите

Од:

Француската авиокомпанија „Ер Франс“ се очекува денеска да реализира само 41 отсто од своите летови, кога штрајкот на пилотите ќе влезе во втората недела.

Пилотите штрајкуваат против намалувањето на трошоците и плановите на компанијата да го прошири нискотарифното одделение Трансавиа.

Авиокомпанијата денеска реализираше 38 отсто од летовите, со оглед на тоа дека 65 проценти од пилотите учествуваа во штрајкот.

Синдикатот Ес-Ен-Пе-Ел, кој го продолжи штрајкот до следниот петок (26 септември) и се закани дека ќе го продолжи уште повеќе доколку преговорите не вродат со плод, го повика францускиот премиер Мануел Валс да интервенира со цел да се реши спорот.

Според проценките на авиокомпанијата штрајкот, кој почна во понеделникот и чини меѓу десет и 15 милиони евра дневно, до 26 септември може да предизивка загуби од 180 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано