Епл со рекордна казна од 1,1 милијарди евра во Франција за антиконкурентни практики

Од:

Францускиот орган за конкуренција повторно казни еден американски гигант. По изрекувањето казна од 150 милиони евра на Гугл за злоупотреба на доминантната позиција во декември 2019 година, истото сега се повторува и за „Епл“, јави дописникот на МИА.

Овој пат, беше изречена рекордна казна од 1,1 милијарди евра за „договорање во рамките на својата дистрибутивна мрежа“ и злоупотреба на економската зависност од своите независни препродавачи.

Овој случај, дојде по жалба поднесена во 2012 година од првиот продавач на Епл во Франција, еБизкус, за „злоупотреба на доминантната позиција“ и „нелојална конкуренција“. Според „Политико“, „Епл“ и три негови препродавачи на големо „Тек Дата“, „Инграм микро„ и „Вирџин Мобил“ се договориле за сметка на препродавачите како еБизкус, кој беше ставен во стечај на крајот на 2012 година.

Двата препрадавчи „Техник Дата“ и „Инграм Микро“ се казнети со казна од 76,1 милиони и 62,9 милиони евра, вкупната казна изречена од органот за конкуренција изнесува 1,24 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Туристички авион се урна по полетувањето од аеродромот во Лион, при што две лица се повредени

Горан Наумовски