Американскиот технолошки гигант Епл во текот на оваа година ќе претстави помал таблет iPad, како одговор на конкуренцијата на главните конкуренти Макрософт и Гугл.
Екранот на новиот iPad ќе биде меѓу седум и осум инчи (17,8 до 20,3 сантиметри). Со своите нови размери таблетот на Епл директно ќе му конкурира на таблетот Нексус 7, што Гугл го претстави минатата недела.
Сега апаратите iPad се нудат единствено со големина на екранот од 9,7 инчи (24,6 сантиметри) и најевтината верзија е за околу 200 долари поскапа од Нексус 7, што чини 199 долари.
Благодарение на помалиот екран, меѓутоа, Епл ќе може да продава iPad по речиси истата цена како таблетот на Гугл.
Неодамна Мајкрософт соопшти дека на пазарот ќе понуди сопствен таблет со операциски систем Виндоус 8, што треба да се појави во текот на третото тримесечје. Цената на новите апарати не беше соопштена.