Епископот Тавадрос е нов поглавар на Коптската црква

Од:

Епископот Тавадрос е новиот поглавар на најголемата христијанска заедница во момент на политички промени и откако исламистите ја презедоа власта во Египет.

Во раскошниот ритуал исполнет со молитва, верници и темјан, во црквата Свети Марко во Александрија, името на 60-годишниот владика од стаклена чинија го извлече момче со превез преку очите, меѓу имињата на двајца кандидати.

Кандидати беа епископот Тавадрос од провинцијата Бехеира од делтата на Нил, епископот Рафаел (56), лекар и помошник-епископот за централен Каиро и отец Рафаел Ава Мина (70).

Тавадрос го замени епископот Шенуда Трети, кој ја водеше Коптската православна црква четири децении, до март оваа година, кога почина на 88-годишна возраст. Православните верници од својот нов црковен поглавар ќе побараат да се слушне гласот на христијаните, кои долго се жалеа на дискриминацијата во Египет.

 

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет