Епидемијата на МЕРС предизвика паника во двете Кореји

Од:

По 35-те регистрирани случаи од опасната болест МЕРС, кај нас позната и како Нилска треска, од кои два веќе завршија трагично, во Јужна Корејаза владеа вистинска паника меѓу населението.

Властите по вчерашното затворање на 209 основни училишта, денеска затворија уште 500 училишта, градинки и колеџи.

Ширењто на болеста, која првпат беше регистрирана на 20 мај ги загрижи и властите во Северна Кореја, бидејки иако строго изолрани едни од други, жителите на двете джави сепак секојдневно се среќаваат во заедничката гранична индустриска зона Каесонг.

Двете држави се договорија на премините да се инсталираат термални камери со кои може да се откријат сомнителните случаи за евентуална инфекција од МЕРС.

Болеста во Јужна Кореја ја пренел бизнисмен кој се вратил од Саудиска Арабија. Во оваа држава инфекцијата МЕРС веќе однесе 400 животи, од вкупно 436 жртви регистрирани во 20 држави.

На „жешката линија’’ што од вчера ја инсталираше Министерството за здравство во Сеул, за 24 часа се јавиле над 4.000 загрижени граѓани.

Здравствените власти во Јужна Кореја соопштија дека до сега се извршени прегледи на 1.600 лица, кај кои посотел сомнеж за можна инфицираност со МЕРС. На најголем број им е советувано да не излегуваат од дома, а 206 случаи се задржани во посебни карантински услови.

Стравот од инфекција со МЕРС придонесе значително да се намали бројот на туристите, бидејки во последниве три дена туристичките агенции масовно ги откажуваат веќе договорените аранжмани.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ