Епидемија на грип во Франција

Од:

Во Франција владее епидемија на „сезонски“ грип, соопштија француските здраствени власти, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според здраствените власти секоја недела има нови 130.000 случаи на заболени од грип, односно на околу 100.000 жители има 204 случаи на грип. Епидемијата на грип, според француските здраствени норми е кога има повеќе од 174 случаи на грип за 100.000 жители.

Половината од заболените се помлади од 26 години, додека другата половина постари. Од епидемијата на грип најпогодени се регионите Шампањ-Арден (682 случаи на 100.000 жители). Норд-Па-де-Кале 475 случаи, Пуату-Шарант (347), Акитен (298) и Прованс-Алп-Кот-д’Азур 190 случаи.

Според моделот на предвидување, кој се темели врз историски податоци, бројот на заболените од грип ќе се зголеми во текот на оваа недела, во што се ставаат само случаите во кои заболените имаат зголемена телесна темепература. Високите сезонски температури сигурно дека ќе придонесат за ширењето на епидемијата.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз