ЕП: Засилување на борбата против алкохолизмот

Од:

Европратениците бараат од Европската комисија да почне веднаш со работа околу нова стратегија со цел да им се помогне на владите на земјите членки да се соочат со негативните последици од алкохолизмот, јавува дописникот на МИА.

Во усвоената резолуција, се бара да се изврши подобро собирање на податоците, подобрување на превенцијата и третманот, намалување на несреќите кои се поврзани со сообраќајот и алкохолот, алкохолот и бременоста…

Од Европската комисија се бара да процени дали обврската да им се даваат информации на потрошувачите за составот и хранливата вредност, треба да се применува и за алкохолните пијалоци.

Односно се бара содржината на калории во алкохолните пијалоци да биде јасно назначена и во таа насока Комисијата треба да поднесе предлог директива во 2016 година.

Европратениците посебно се залагаат за заштитата на младите, со засилување на законската регулатива за ограничување на старосната граница за конзумирање алкохол и за превентиви кампањи, како и специјални мерки за забрана на продажба на ефтин алкохол.

Според податоците, злоупотребата на алкохолот е втората причина за заболување во некои од државите членки на ЕУ.Исто така се вели дека зависноста од алкохол е ризичен фактор за над 60 хронични заболувања.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска