Европскиот парламент денеска изгласа резолуција со која се осудуваат полициските акции и апсењето на новинарите во Турција во декември минатата година.
Европратениците апелираат слободата на медиумите да биде приоритет на турската Влада бидејќи „слободни и плуралистички медиуми се основен елемент на секоја демократија“ и оти е неопходно постигнување на напредок со реформите за добивање на предпристапните фондови.
ЕП побара „целосна и транспарентна информација за обвиненијата против осомничените“ и нивна целосна правна заштита.
Во резолуцијата се изразува загриженоста за „отстапувањето од демократските реформи и посебно за намалувањето на толеранцијата на Владата кон општествениот протест и критички настроените медиуми“.