ЕП: Треба да се воведе ембарго за оружјето во Саудиска Арабија

Од:

Европскиот парламент денеска ја повика ЕУ да воведе ембарго за оружјето во Саудиска Арабија и соопшти дека Велика Британија, Франција и другите земји од Унијата не треба повеќе да и продаваат оружје на земјата, која е обвинета дека напаѓа цивили во Јемен, пренесува БТА. 

За поддршка на резолуцијата, која повикува на забрана за продажба на оружје на Саудиска Арабија, гласаа „за“ 359 европратеници, 212 против, а 31 беа воздржани. 

Иако гласањето не е правно обврзувачко, европратениците се надеваат дека резолуцијата ќе поттикне ЕУ да преземе конкретни активности.

Според податоците на ОН речиси 6.000 луѓе загинале во Јемен од март минатата година, кога коалицијата предвидена од страна на Саудиска Арабија започна воена кампања во земјата, забележува БТА.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска