ЕП: Русија тешко оштетила партнерски односи со ЕУ

Од:

Европскиот парламент изгласа денеска резолуција во која се констатира дека партнерските односи на Русија со ЕУ се тешко оштетени со агресивната политика на Москва и непочитувањето на европските вредности.

Од европските институции се бара да донесат низа мерки за сузбивање на руското влијание.

– Руското раководство со агресијата врз Украина и анкесијата на Крим го донесе нашиот однос до раскрсница, се вели во резолуција која е усвоена на пленарна седница во Стразбур со 494 гласови „за“, 135 „против’ и 69 воздржани.

Парламентот побара од Комисијата да издвои средства за конкретни проекти наменети за сузбивање на руската пропаганда во ЕУ и вон нејзините граници и финансиски да помогне руски независни медиуми и невладини организации како и внимателно да надгледува тек на руски пари кон политички партии во членки на ЕУ.

Парламентот острто ја осуди „црната листа“ на која се луѓе на кои им е забранет влез во Русија поради наводна штета по националниот интерес, а на која се 19 членови на ЕП.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска