ЕП препорача преразгледување на односите меѓу ЕУ и Турција

Од:

Европскиот парламент синоќа со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, го разгледуваше прашањето за Турција и преговорите за проширување на Европската унија.

Европратениците посочија дека Европа не ги затвора вратите за Турција, но последните промени поттикнуваат кон барање на други можности за пристапување на Турција кон ЕУ, соопшти прес-службата на Европскиот парламент.

Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани ја повика Турција да ги почитува основните права врз кои е изградена Европа.

Тајани нагласи дека „Европа не е исламофобски континент и не ги затвора вратите за турскиот народ“.

Многумина европратеници изразија загриженост за начинот на кој Турција го организираше референдумот за уставни промени и го окарактеризираа гласањето како нефер.

Некои од европратениците наведоа дека е време за преиспитување на односите меѓу ЕУ и Турција и отворање на „ново поглевје“.

Некои пратеници од ЕП целосно ја отфрлија можноста за Турција да стане полноправен член на Унијата, додека други изразија надеж дека преразгледувањето на преговорите за присоединување ќе остави можност Турција да го промени сегашниот политички курс.

Проширена царинска унија, зголемена трговија, размена на студенти и соработка во областа на безбедноста и миграцијата, беа некои од идеите предложени од европратениците како правец во односите меѓу ЕУ и Турција.

Дел од пратениците од ЕП настојуваа да продолжи поддршката за демократските сили во Турција, бидејќи милиони граѓани од земјата сакаат да бидат дел од ЕУ.

Парламентарната комисија за надворешни работи ќе ја разгледа годишната резолуција за напредокот на Турција на 2 мај.

Предлог-резолуцијата ја повикува Унијата да ги поддржи преговорите за пристапување на Анкара, ако промените во уставните промени во Турција бидат приложени така, како што беа наведени во референдумот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија

ВИДЕО: Снимка од ударот на хеликоптерот во болница во Турција