ЕП по летните одмори ќе гласа за одземање на имунитетот на Марин Ле Пен

Од:

Европскиот парламент го избра полскиот европратеник Тадеуш Звиефка за известувач за случајот со иницијативата за одземање на имунитетот на европратеничката од Франција и кандидат за претседател на оваа Република на последните избори, Марин Ле Пен.

Како што известува дописникот на МИА од Стразбур, пратениците во Европарламентот го избрале Полјакот Звиефка од редовите на Европската народна партија (ЕПП) да го истражи случајот со претседателката на француската партија Национален фронт, по покренатото обвинение во Франција дека наводно извршила злоупотреба на средства со кои ги плкаќала своите партиски соработници.

Од Европарламентот, денеска соопштија дека се потребни од четири до седум месеци за затворање на случајот и официјално гласање за одземање на имунитетот на Марин Ле Пен. Од прес-службата на законодавниот дом на Европската унија соопштија дека допрва следува сослушување на Ле Пен пред Комитетот за правни прашања на Европарламентот, па потоа размена на мислења и гласање на овој Комитетот, процедура што се очекува да заврши пред август и летните одмори.

Засега, се уште не е испратена ниту покана за сослушување на екс-кандидатката за претседател на Француската република, а европратеникот Звиефка, како известувач за ова прашање, се уште ја собира потребната документација и информации за случајот. Откако ќе се заврши целата процедура пред Комитетот за правни прашања, целиот состав од 751 пратеник на Европскиот парламент, на пленарна седница во Стразбур, што би се одржала во септември или октомври наесен, потоа би гласал и со просто мнозинство би одлучувал дали Марин Ле Пен ќе остане без имунитет, со цел потоа да и се суди пред францускиот Суд или ќе биде заштитена и нема да одговара за сериозните обвинувања.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски