ЕП одобри 1,2 милијарди евра макрофинансиска помош за Украина

Од:

Европратениците ја одобрија одлуката на Советот на ЕУ за обезбедување нов пакет макрофинансиска помош од 1,2 милијарди евра за Украина.

„Унијата ќе обезбеди макроекономска помош до 1,2 милијарди евра, која ќе биде достапна за поддршка на макроекономската стабилизација и програмата за сеопфатни реформи во Украина“, се вели во документот, усвоен од европратениците.

Се забележува дека „оваа помош ќе биде обезбедена во форма на заеми“ и „ќе служи за покривање на платниот биланс на Украина, како што е наведено во програмата на Меѓународниот монетарен фонд.“ Откако ќе биде одобрена одлуката на ЕП, парите ќе бидат префрлен на Киев во две транши од 600 милиони евра за 12 месеци.

Во документот, исто така, се забележува дека „предуслов за макрофинансиската помош на Унијата е ефективното спроведување од страна на Украина на демократските механизми, вклучително и повеќепартискиот парламентарен систем, како и гаранциите за почитување на човековите права“.

„Опасностите од тековните геополитички тензии и стравувањата во однос на ситуацијата на границата со Русија постојано растат од средината на ноември. Тие сериозно влијаеја на довербата на инвеститорите, што е потврдено со постојаниот одлив на капитал и намалувањето на официјалните девизни резерви“, се вели во соопштението. „Слабеењето на гривната (украинската валута), и покрај интервенциите на Народната банка на Украина, и фактичкото губење на пристапот на владата до пазарите на капитал влијаеше на макроекономската перспектива“, се вели во документот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска