ЕП одбележува десет години од Лисабонскиот договор и Повелбата за основните права

Од:

Европскиот парламент на својата пленарна сесија одбележа десет години од Лисабонскиот договор и Повелбата за основните права, при што на свечената церемонија зборуваа претседателите на ЕП Давид Сасоли, на Европскиот Совет Шарл Мишел и на Европска Комисија, Урсула фон дер Лејен, јави дописникот на МИА од Стразбур.

На почетокот претседателот на ЕП, Сасоли ја истакна улогата што Лисабонскиот договор и Повелбата за основните права ја одиграа во одржувањето на мирот и просперитетот во Европа. Тој додаде дека идната конференција за иднината на Европа „ќе понуди можност да се соочиме со сегашните и идните предизвици преку посилна Европа, заснована на солидарност и слобода“.

Лидерите на политичките групи во ЕП, истакнаа дека ЕУ треба да се реформира и зајакне со цел да се исполнат очекувањата на граѓаните за прашањата кои се движат од екологијата до климатските промени преку социјални прашања, европска одбрана, безбедност и надворешната политика, владеење на правото, демократија и права на граѓаните.

На крајот од дебатата, претседателката на ЕК, Фон дер Лејен и претседателот на ЕС Мишел го поздравија зајакнувањето на демократската одговорност воведена со Договорот од Лисабон и признаа дека „граѓаните треба да бидат во срцето на Унијата“.

Осврнувајќи се на идната конференција за иднината на Европа, двајцата повикаа да се направи алатка за слушање на граѓаните и за реформа на ЕУ.

Со Договорот од Лисабон воведено е зголемено ниво на парламентарна контрола и демократска одговорност и ги зајакна законодавните и буџетските овластувања на ЕП. Исто така, во него е ставено дека ЕП е „составен од претставници на граѓаните на Европската унија“ и му ја даде надлежноста да го избера претседателот на ЕК.

Договорот од Лисабон ја признава демократската еднаквост, репрезентативната демократија и партиципативната демократија како основни принципи на ЕУ и ја направи Повелбата за основните права правно обврзувачки документ. Повелбата ги обединува сите лични, граѓански, политички, економски и социјални права што ги уживаат народите во Европската унија.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска