ЕП незадоволен од предлогот на Борис Џонсон за Брегзит

Од:

Предлозите на британскиот премиер Борис Џонсон за договорот за напуштање на Велика Британија од ЕУ „ниту од далеку“ не се совпаѓаат со она што е потребно за компромис, оцени денеска Управната група на Европскиот парламент за Брегзит.

Откако главниот преговарач за Брегзит, Мишел Барние го информираше тоа тело со предлозите на британскиот премиер, Управувачката група на ЕП за Брегзит соопшти дека предлозите на Џонсон се „чекор назад наместо чекор напред“ кон општ договор, додека се приближува крајниот рок за излез на Британија, 31 октомври.

– Британските предлози се недоволни и претставуваат големо оддалечување од заедничките обврски и цели, се наведува во соопштението.

Управувачката група вклучува експерти од сите водечки пратенички групи на Европскиот парламент кои треба да го одобрат договорот за Брегзит пред да стане официјален.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја