Европскиот парламент на својата последна седница во 2017 година во Стразбур ќе разговара за пристапувањето на Бугарија, Романија и Хрватска во Шенген.
Програмата предвидува членовите на Европскиот парламент да расправаат за темата в среда.
Во пресрет на дебатата, европратеникот Сергеј Станишев изрази очекување дека трите земји ќе се приклучат на Шенген до крајот на бугарското претседателство со Советот на ЕУ.
ЕП в среда ќе се произнесе и за постигнатиот договор меѓу Европската комисија и Лондон во преговорите за повлекување на Велика Британија.