ЕП ја отфрли предлог резолуцијата за независност на палестинската држава

Од:

Пратениците во Европскиот парламент денеска не ја изгласаа предлог резолуцијата, со која се апелира земјите членки на Европската унија да ја признаат палестинската држава, но изгласаа компромисен текст за продолжување на мировните преговори со Израел.

Социјалдемократите, левите и зелените европратеници поднесоа иницијатива за симболично гласање, со која се апелира до 28 земји членки безусловно да ја признаат палестинската државност.

Најбројната Народна партија и четвртата по големина група на Алијансата на демократите и либералите за Европа наведоа дека признавањето треба да следи откако ќе се постигне договор меѓу Палестинците и Израел.

Во октомври Шведска ја призна државата на Палестинците, а потоа парламентите на Велика Британија, на Ирска, на Шпанија и на Франција изгласаа необврзувачки резолуции со кои се признава независноста на Палестина.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска