ЕП ја осудија пасивноста на Еврокомисија во однос на хормоналните нарушители

Од:

Европратениците ја осудија одлуката на Европската комисија за одлагање на објавувањето на научните методи потребни за да се намали изложеноста на хормонални нарушители, кои од Порграмата на ОН за живтона средина (УНЕП) и Светската здравствена организаицја (СЗО), се оценети како глобална закана.

Во Резолуција усвоена од страна на Европарламентот со 593 гласови „за“, 57 „против“ и 19 „воздржани“, се истакнува дека извршното тело на ЕУ продолжува да го крши правото на ЕУ, со тоа што не ги објавува овие информации, кои требаше да бидат јавно достапни уште во 2013 година, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Европратениците во усвоената резолуцијата ја осудија Европската комисија не само за прекршување на нејзината обврска да донесе научни критериуми, но исто така и за непочитување на нејзините институционални обврските од договорите.

Судот на правдата на ЕУ од Луксембург, донесе одлука во декември 2015 година, во која се вели дека извршното тело на ЕУ го повреди правото на ЕУ со необјавувањето на критериумите и покрај постојаните барања од пратениците да се справат со проблемот на изложеност на овие супстанции.
Европсиот парламент натаму во резолуцијата нагласува дека предлог за научни критериуми е завршен во 2013 година, но се уште не е објавен, Комисијата потоа започна анализа за влијанието, што не беше потребно за научни критериуми, базирани врз основа на опасност, оцени Европскиот суд на правадта од Луксембург.

Сепак, тие на крајот го зедоа предвид политичкиот ангажман на Комисијата да го предложи бараниот документ пред почетокот на летото.

Европратениците нагласуваат дека, во извештајот објавен од страна на УНЕП и СЗО, ендокрините или хормонални нарушители се сметаат како глобална закана. Нови информации можат да дозволат да се направи поврзаност помеѓу изложеноста на ендокрините или хормоналните нарушители и болестите на репродуктивниот систем, како неплодност, рак и малформации или влијанието на тироидната жлезда, функцијата на мозокот, на дебелината и метаболизмот, како и врз инсулинот и гликозната хомеостаза.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска