ЕП и го одзеде пратеничкиот имунитет на Марин Ле Пен на барање на француското правосудство

Од:

Европскиот Парламент и го одзеде пратеничкиот имунитет на лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен на барање на француското правосудство во врска со кривичното дело клевета, јавија француските медиуми.

Европратениците оценија дека нема причина за сомнение дека француската судска процедура е мотивирана од „намерата да и се наштети на парламентарната или политичката активност на Марин Ле Пен“ и го одобрија одземањето на нејзиниот имунитет.

Лидерката на крајнодесичарскиот Национален фронт (НФ) е обвинета за клевета од градоначалникот на Ница, конзервативецот Кристијан Естрози. Во мај 2015 година таа изјавила дека Естрози ја финансирал Унијата на исламски организации во Франција (денеска преименувана во „Француски муслимани’), која опфаќа 250 организации и го практикува конзервативниот ислам.

Оваа процедура нема ништо заедничко со другото барање за одземање на парламентарниот имунитет на Марин Ле Пен, исто така, на барање на француското правосудство до ЕП, но поврзано со истрагата за фиктивни назначувања на парламентарни соработници од НФ. Ова барање е во процес на проучување согласно вообичаената процедура на ЕП.

Ле Пен не присуствуваше на денешното гласање за нејзиниот имунитет, бидејќи води кампања за вториот круг од парламентарните избори во Франција, каде има добри позиции во својот бастион – Енен-Бомон. Доколку биде избрана во француското Национално собрание, претседателката на НФ ќе треба да се откаже од своето место во Европарламентот, каде е пратеник од 2004 година.

ЕП вчера му го одзеде имунитетот и на таткото на Марин, поранешниот лидер на НФ, Жан-Мари Ле Пен, кој сега е почесен претседател на партијата.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток