ЕП го усвои Договорот за асоцијација со Молдавија со гарант на целата територија, вклучително и на Транснистрија

Од:

Европскиот парламент го поддржа Договорот за асоцијација на Европската унија со Молдавија, што вклучува длабок и сеопфатен договор за слободна трговија (ДЦФТА), јави дописникот на МИА од Брисел. Договорот е предвидено да формира столб на зајакнато политичкото здружување и економска интеграција меѓу ЕУ и Молдавија и да се обезбеди меѓусебно слободен пристап на пазарот.

Европскиот парламент го поддржа договорот со 535 гласови, додека 94европратеници гласаа против, а 44-ца беа воздржани. А, во придружна резолуција донесена со 529 гласови за, пратениците истакнаа дека потписот на 27-ми јуни и ратификацијата на Договорот за асоцијација “не претставува крајна цел” во односите на Унијата со Молдавија.

– Ратификацијата на Договорот ЕУ-Молдавија е јасна потврда на успехот на процесот на политички и економски реформи во Молдавија, но со него се воспоставува нејзината европска перспектива и сведочи за решеноста на земјата на крајот да стане членка на ЕУ – рече известувачот заМолдавија во ЕП, Петрас Авштревичиус.

Тој им честита на луѓето на Молдавија на ова историско достигнување, особено во контекст на претстојните парламентарни избори на 30-ти ноември, што ќе биде од клучно значење за земјата. А, европратениците, исто така, ја истакнаа потребата за спроведување на договорот во целост и побараа сеопфатна кампања за информирање околу неговите придобивки за молдавските граѓани.

Договорот за асоцијација, исто така ја опфаќа “целата меѓународно призната територијата на Република Молдавија”, вклучително и Транснистрија, како составен дел од него, наведоа европратениците. Тие исто така побараа ЕУ да одигра поголема улога во решавањето на прашањето за Трансдњестар меѓу Кишинев и Тираспол.

Во заклучокот на Европарламентот, се потенцира и дека улогата на Русија во кризата во Украина го сменила геополитички поредок и ги погодила и односите меѓу ЕУ и Молдавија. Тие повикува Руската федерација целосно да го почитува територијалниот интегритет на Молдавија и европскиот избор на земјата. Тие, исто така, ја осудија континуираната употреба од страна на Русија на забраната за трговија со производи од Молдавија како средство да го дестабилизира регионот.

Инаку, за да стапи во сила, овој Договорот, исто така, треба да биде ратификуван од националните парламенти на земјите-членки на ЕУ. Делови од договорот, вклучувајќи договор за длабока и сеопфатна слободна трговија, привремено се применува од 1 септември 2014 година. ЕП, исто така ќе испрати делегаицја од седум европратеници за да ги набљудуваат парламентарните избори на 30-ти ноември во Молдавија.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска