ЕП го потврди изброт на Виолета Булц за нов еврокомесар за транспорт

Од:

Комисијата за транспорт на Европскиот Парламент денеска ја одобри кандидатурата на Словенката Виолета Булц за нов еврокомесар за транспорт, соопшти парламентарната група на Социјалистите и демократите.

На овој начин отпадна и последната пречка пред утрешното гласање за целиот состав на Европската комисија, на чело со претседателот  Жан-Клод Јункер.

Булц синоќа во Стразбур беше распрашувана од европратениците од Комисијата за транспорт и нивните мислења беа дека таа многу добро се справила со нивните прашања.

Некои европратеници, меѓутоа, беа против нејзиното денешно потврдување, бидејќи, како што забележаа, таа имале едвај четири дена за да се подготви и заради тоа е во нерамноправна положба со останатите кандидати за еврокомесари, кои располагаа со речиси еден месец за своја подготовка за настап пред нив.

Утринава Комисијата за транспорт требаше да се изјасни дали воопшто ќе гласа за ставовите на Булц или ова прашање ќе го одложи за подоцна. Ако до тоа дојдеше ЕП утре немаше да биде во состојба да гласа за новата ЕК и така ќе пропаднеше целиот првично утврден редослед, според кој, новите комесари со работа треба да почнат на 1 ноември.

Откако пречките пред Комисијата на Јункер веќе се отсратенти, утре во 14 часот ЕП ќе се изјасни за нејзиниот состав. Потоа, во четврток или петок, новата Европска комисија ќе треба да биде потврдена и од Европскиот совет.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска