Европскиот парламент денеска усвои резолуција во која се изразува принципиелна поддршка за процесот на признавање на државата Палестина.
Текстот не содржи апел до земјите-членки на Европската унија да ја признаат државата Палестина, како што бараа неколку политички групи во ЕП. Европратениците апелираа за обновување на израелско-палестинскиот мировен процес, кој треба да доведе до решавање на конфликтот и постоење на две држави.
Резолуцијата беше изгласана со 498 гласа „за“ и 88 „против“.
ЕП нема ингеренции да ја признае државата Палестина. Таквата одлука е на земјите-членки на ЕУ. Резолуцијата е симболичен сигнал кон земјите-членки на Унијата.